А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени нови 1.027 потврди за барање азил

by А1он14/02/2016 - 11:22132
Share0

Во текот на вчерашниот ден на 1.027 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од нив, 378 се од машки пол, 240 од женски пол, како и 402 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, соопшти МВР.

Добивај вести на вибер

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија – 525, на државјани на Авганистан – 323 и на државјани на Ирак – 179.

Од 1 јануари до вчера издадени се потврди на 80.176 странски државјани, од кои 32.014 се од машки пол, 17.363 се од женски и 30.631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 38.752, Авганистан – 25.222 и Ирак – 16.199.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен