А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени 908 потврди за право на азил, најмногу на Сиријци

by А1он02/02/2016 - 10:54140
Share0

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 908 странски државјани, од кои 333 од машки и 201 од женски пол, како и на 374 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Добивај вести на вибер

Според државјанството, соопшти денеска МВР, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија 532, потоа 214 на државјаните на Ирак и на 162 државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 01.02.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 54.344 странски државјани, од кои 22.461 се од машки пол, 11.728 се од женски и 20.053 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 27.022, Авганистан 17.058и Ирак 10.261.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 01.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.02.2016 година евидентирани се вкупно 19  баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

azilmigranti

Би можело да ве интересира

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

Катерина Ѓуровски20/11/2025 - 10:14

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Катерина Ѓуровски23/10/2025 - 12:49

Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање

Горан Наумовски06/10/2025 - 13:59

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски15/09/2025 - 13:4715/09/2025 - 15:55

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 08:15

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Горан Наумовски12/08/2025 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен