А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени 887 потврди на мигранти за изминатите 24 часа

by А1он22/01/2016 - 11:22166
Share0

Изминатите 24 часа на 887 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 384 се од машки пол, 191 од женски и 312 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–397, Сирија-358 и Ирак-132.

Од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на вкупно 36.804 странски државјани, од кои 15.490 се од машки пол, 7.917 од женски и 13.296 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.280, Авганистан-11.845 и Ирак-6.676.

Следете a1on на Youtube YouTube

Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 1 јануари до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21 јануари 2016 година евидентирани се вкупно 43 баратели на азил, од кои 40 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.

azilmigranti

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео