Избрани новите раководни структури на СДММ

Од:

На првата Седница на Централниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), која се одржа денеска, беа избрани новите тела и органи на младината со мандат од две години.

Како што информираат преку соопштениет, за Генерален секретар е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош, за потпретседатели се избрани: Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Марија Иванова – ЛК Струмица, Ана Манасиева – ЛК Делчево, Александар Саша Димитријевиќ – ЛК Гази Баба.

Нови членови на ИО на СДММ се Марко Спирковски – ЛК Прилеп, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Иво Спасевски – ЛК Охрид, Блажена Пејовска – ЛК Кичево, Давид Вељковиќ – ЛК Куманово, Jулија Малахова Геровска – ЛК Центар, Дарко Димовски – ЛК Штип, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Јана Ханџиска – ЛК Бутел, Орданчо Данев – ЛК Кавадарци, Евгенија Јанакиевска – ЛК Кисела Вода, Велимир Арсов – ЛК Велес, Магдалена Пенова – ЛК Валандово, Роберт Николоски – ЛК Гостивар и Далила Чекиќ – ЛК Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на СДСМ.

Денеска се одржа и првата седница на ИО на СДММ, во просториите на партијата, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19.

„СДММ се залага за родова рамноправност и во новиот состав на органите на младите на СДСМ има еднаков број на мажи и жени.

Спремни за новите предизвици, во следните две години ќе работиме активно на зајакнување на улогата на младите во рамки на СДСМ и ќе се бориме за реализирање на барањата и интересите на сите млади луѓе“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он