Изборот во Судски совет одложен: Mнозинство за незаконско разрешување има, за нов претседател нема

Од:

По вторпат се одложи изборот на претседател на Судскиот совет по незаконското разрешување на Весна Дамева. По одложувањето на претходната седница поради немање мнозинство, причините за денешното одложување не се познати.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која беше незаконски разрешена на претходната седница обвини дека потпретседателот не ги заштитил судиите од притисоците и заканите кои го добивале.

– Нарушени се сите наши понатамошни постапувања на Судскиот совет. Очекував дека ќе имате мнозинство, но ќе оставиме да видиме дали вашето незаконско разрешување без постапка понатаму на некој начин ќе се легализира. Требаше да не заштитите од сите можни влијанија, притисоци и закани. Не знам што може да се смени по два или три дена. Јавноста ајде да слушне зошто сум разрешена – рече Дамева.

Заменик претседателот Селим Адеми претходно и порача на Дамева да си закаже прес-конференција и да каже дали тој и вршел притисок.

Нејзиното разрешување беше незаконско затоа што според член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, потребна е одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет.

Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е невалиден.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски