• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

by А1он16/11/2023 - 12:04385
Share0

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци од 13 февруари 2019 година во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени би можело да биде вратено од почеток поради изборот за апелационен судија на судијката Александра Ристеска.

Добивај вести на вибер

На прашањето на МИА што ќе се случи со предметите по кои постапуваат судиите од Кривичен кои вчера беа избрани за судии во Апелациониот суд Скопје, како што се „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“, од Судскиот совет велат дека постои можност за нивно делегирање.

– Одлуката за изборот на новите апелациони судии не е правосилна и можно е да бидат доставени и приговори. Дотогаш си работат на предметите, а доколку не се завршат до правосилноста, Судскиот совет има можност да ги делегира, велат од Судскиот совет за МИА.

Судскиот совет вчера избра осум нови судии во Апелациониот суд Скопје, меѓу кои судијката Александра Ристеска која е дел од Судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, и судијата Османи Шабани кој ги води „Титаник“, „Талир“ и случајот за Велешката група.

Случајот „Ласкарци“ беше отворен во 2019 година, но поради потребата од супервештачење процесот се оддолжи речиси една година и се наоѓа на крајот од доказната постапка. Овој предмет сега би можел да биде вратен од почеток поради изборот на Ристеска за апелационен судија.

Предметот кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“ е отворен 2019 година и се наоѓа во доказна постапка, исто, како и повторената постапка за случајот „Титаник“, кој започна во 2018 година.

apelacionen sudlaskarcitalirtitanik

Би можело да ве интересира

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 13:40

Газдата на „Дурмо Турс“ уште еднаш го одложи одењето во затвор, повторно ќе оперира тестиси

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:5401/12/2025 - 14:21

Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“, бараат пратениците од власта

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 13:5224/11/2025 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен