Изборот на нов претседател на Судски совет одложен за вторник: Притисоци и закани врз судиите, обвини Дамева

Од:

После два часа чекање и препукувања на колегиумот кои се слушааа до влезот пред кој чекаа новинари и сниматели, почна скандалозната седница на Судскиот совет на кој требаше да се избере нов претседател по незаконското разрешување на Весна Дамева, но се одложи за 2 мај поради немање мнозинство.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која вчера беше незаконски разрешена, не доби покана за седницата која ја закажа заменик-претседателот Селим Адеми на која требаше да се избира нов претседател на советот, но дојде на седницата и обвини дека потпретседателот не ги заштитил судиите од притисоците и заканите кои го добивале.

– Очигледно два часа не беа доволни, но јас се надевам дека во следните два дена ќе има доволно време да се обезбеди потребно мнозинство. Нарушени се сите наши понатамошни постапувања на Судскиот совет. Очекував дека ќе имате мнозинство, но ќе оставиме да видиме дали вашето незаконско разрешување без постапка понатаму на некој начин ќе се легализира. Требаше да не заштитите од сите можни влијанија, притисоци и закани. Не знам што може да се смени по два или три дена. Јавноста ајде да слушне зошто сум разрешена – рече Дамева.

Заменик претседателот Селим Адеми и порача на Дамева да си закаже прес-конференција и да каже дали тој и вршел притисок по што ја стави на гласање одлуката за одложување на изборот за 2 мај.
Тој незаконски закажа седница за денес, со назнака „итна“ на која ќе се избира нов претседател на Судскиот совет, но не и достави покана на разрешената Весна Дамева без да ѝ се даде можност за жалба и да добие формална одлука.

– Не добив покана јас како член на советот за присуство на седницата. Прочитав на сајтот дека закажал седница. Што да очекувам јас од седницата после циркусот што се случи со моето незаконско разрешување – изјави Дамева за „А1он“ пред почетокот на седницата.

Нејзиното разрешување беше незаконско затоа што според член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, потребна е одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет.

Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева вчера била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е невалиден.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството