Изборите за претседател на СПУКМ не смее да бидат признаени

Од:

Изборите за претседател на СПУКМ закажани за утре, 30 јуни 2016, не смее да се признаат поради нелегалното распишување и фрапантното кршење на студентските права. Младински образовен форум не ги признава овие избори. Избори за Студентски парламент не треба да се одржат додека не се реформира неговата структура на демократски начин и обезбеди простор за фер и плурални избори. Посочуваме дека моменталните студентски претставници се нелегитимни и без право да носат одлуки во име на студентите. Мандатот на Претседателот на СПУКМ Кирил Спировски е истечен уште во 2014 и веќе 2 годни се продолжува без правна основа. Избори за претседател на СПУКМ не се одржале од 10.10.2012, а речиси сите студентски парламенти на УКИМ имаат истечени мандати, реагираат од Младинскиот образовен форум.

Студентски движења и организации постојано прават притисок врз Студентскиот парламент да се реформира. Овој месец, поради притисокот врз телата на одлучување за една од најважните одлуки на универзитетот – изборот на ректор – токму поради нелегалноста на студентските претставници во тие тела, СПУКМ ги распиша овие непромислени избори.

Досегашните претставници на СПУКМ успеаа да го узурпираат просторот за организирање на студентите на универзитетот и 4 години да носaт важни одлуки во нивно име, што потврдува колку моделот на организирање на СПУКМ е монополистички, неплурален и иземен од одговорност кон студентите.
Токму затоа овие избори треба да бидат откажани, а новоформираната комисија на иницијатива на студентите за измени на статутот на УКИМ да започне со работа и даде свој предлог за уредувањето на СПУКМ. Без да се направи демократска структура и измени на моделот на избори од оваа комисија, истите не треба да се случат. Овие избори не само што ги кршат студентските права согласно статутот на УКИМ, Законот за високо образование и Болоњската декларација, туку и ќе ги обесправуваат и лишат студентите од застапување за своите права во циклусот на студирање.

Постојат и други силни причини поради кои овие избори не смее да се признаат.

Изборите беа закажани единствено за да се избегне притисокот од студентските организации и движења кои бараат одговорност и легитимни претставници, и тоа на истиот ден кога побараа средба со Ректорот за ова прашање.

Избрзаните избори се распишани на 10ти јуни а се одржуваат на 30ти јуни, што е прекраток период за потенцијални кандидати да соберат поддршка а студентите да се информираат. Условите за кандидирање се дискриминаторски во полза на студентите поврзани со СПУКМ на кои им требаат само 5 потписи од студентски парламенти или 1/3 гласови од пратеници на СПУКМ, наспроти 3000 студентски потписи кои би требало да ги собере секој студент кандидат кој не сака да се кандидира со поддршка на СПУКМ.

Изборите се закажани по завршување на академската година соглас но Универзитетскиот календар и во лето кога огромен број студенти не само што не се на факултетите, но се и надвор до Скопје или земјата, и не можат ни да се информираат ни да гласаат на изборите. Ова оди во прилог на СПУКМ затоа што не е потребна никаква минимална излезност за изборите да бидат валидни.

Затоа, било какви избори без реформирање на студентското организирање и изборниот модел на СПУКМ се против интересите на студентската заедница и не треба да се сметаат за релевантни, велат од Младинскиот образовен форум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески