Избори во Судски совет: Сестра на пратеничка од СДСМ и двајца судии кои ги следат скандали се во трка за две празни места

Од:

Вкупно 236 судии со право на глас до 15 часот гласаат за избор на двајца нови членови на Судскиот совет. Своето избирачко право судиите можат да го остварат во изборната единица во Врховен суд и во 12 избирачки места од апелациско подрачје на Скопје и управните судови.

Наќе Георгиев е единствен кандидат за член кој доаѓа од Врховен суд, додека на на листата за членови од скопското апелационо подрачје кандидати се Антоанета Димовска од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев судија од Основниот суд во Кавадарци.

За Георгиев, чија сопруга е обвинител, а синот заврши академија за судии и обвинители, се водеше дисциплинска постапка за утврдување одговорност за нестручно работење за периодот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип, но Судски совет донесе одлука да запре постапката.

Судијката Антоанета Димовска е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и доаѓа од скопскиот граѓански суд каде претходно беше кандидат за уставен судија, но Судски совет не ја поддржа.

За Лазар Нанев има отворено постапка во судскиот совет откако обвинители во Кавадарци го пријавиле дека им се заканува и не ги пушта во судница на рочишта. Тој доби право да влезе во трката откако Судски совет му го прифати приговорот за избор на кандидатски листи.

Нови членови во Судскиот совет се бираат на местата на на врховната судијка Мирајна Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои поднесоа оставки затоа што не се согласуваа со работењето на советот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски