Избор на двајца нови членови на Судскиот совет од редот на судиите

Од:

Судиите на непосредни избори денеска избираат двајца нови членови на Судскиот совет. Се избира еден член на Советот од редот на судиите од апелационо подрачје Штип и еден член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик.

На единствената посебна листа од судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство за целата територија на Република Северна Македонија има само еден кандидат, судијата Аритон Ала од Апелационен суд Скопје.

На општата листа за кандидати од апелационо подрачје Штип има пет кандидати – судијата Ацо Тасев, од Основен суд Штип, Данка Ристова, судија на Апелационен суд Штип, Мери Гичева, судија на Основен суд Штип, Невена Перица, судија на Основен суд Штип и Тони Делев, судија на Апелационен суд Штип.

Новите членови се избираат на местата на судијката Лорета Горгиева од Основниот суд Струмица и Мирсад Суроји од Основиот суд Куманово чиј шестгодишен мандат истекува на 18 декември.

Гласањето почна во 8 часот и ќе трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава