ИВЗ го изгуби хотелот „Теќе“, рестораните и зградите на „Тетекс“ во Тетово

Од:

Исламската верска заедница и Бектешката заедница од Тетово повторно ќе треба пред првостепен суд да докажуваат дека имаат право на владение на комплексот-објкети во Тетово, кои се во сопственост на волнарскиот комбинат „Тодор Циповски-Мерџан“, познат како „Тетекс“. Врховниот суд донесе одлука со која ги укинува пресудите на Апелациониот суд во Гостивар и на Основниот суд во Тетово. Станува збор за недвижности кои се во комплексот на „Арабати Баба Теќе“ во Тетово.

Објектите кои биле изградени им биле дадени на користење од „Тетекс“ на ИВЗ и на Бектешката заедница. Според адвокатите кои го застапуваат „Тетекс“, ИВЗ по настаните од 2001 година, овие објекти ги владее без правна основа и одбива да ги врати. Адвокатите на „Тетекс“, кои ги контактираше „Макфакс“ велат дека спорот трае 17 години и ова е прва одлука на Врховниот суд по пресудите на првостепените и апелациските судови.

Врховниот суд донесе пресуда со која го уважи барањето за ревизија за спорот за право на владение на спорните објекти, меѓу кои се хотелот „Теќе“, земјиште, стан, паркинг во вкупна проценета вредност од 60 милиони денари, или приближно 1 милион евра. Судиите од Врховниот суд потврдиле дека пониските судови сториле суштествена повреда на Законот за парнична постапка. Врховниот суд образложил дека побиваните пресуди се нејасни и неразбирливи, и не содржат доволно образложени причини за фактите од кои се раководеле судовите при одлучувањето. Пониските судови, според образложението на судиите, го одбиле како неосновано тужбеното барање на „Тетекс“, со кое барал да се задолжат ИВЗ и Бектешката заедница, да му ги предадат во владение недвижностите. Спорните објекти кои му биле дадени на трајно користење на тужителот, сега се во владение на тужените.

ИВЗ и Бектешката заедница, според одлуката, во тужбата не приложиле докази со кои ќе докажат дека се стекнале со сопственоста на објектите, па заклучиле дека овие објекти нема да му ги вратат на „Тетекс“. Од изведените докази и од вештачењето, врховните судии одлучиле дека недвижностите се запишани во имотен лист со незапишани права. Заклучоците и причините од пониските судови за одбивање на тужбата се спротивни со изведените докази, а во оспоруваните пресуди нема образложени причини за фактите од кои се раководеле судовите при одлучувањето. При повторното судење, првостепениот суд ќе треба да ги има предвид овие укажувања на Врховниот суд.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско