Исламската верска заедница ги осуди последните насилни протести во Скопје и изрази огорченост за насилството на маскирани хулигани против деца.
Исламската заедница е загрижена од појавата протести да организираат непознати организатори и што во нив се уништува приватен и општествен имот. ИВЗ особено се противи на злоупотребата на верските објекти како место за собирање за протести.
– Апелираме до сите политички партии да не ги злоупотребуваат верските објекти и кампањата да ја водат во мирна и демократска атмосфера, почитувајќи ги демократските правила, без навреди, водејќи сметка да не се нарушуваат, прво меѓучовечите, а потоа и меѓуверските и меѓуетничките односи, се вели во соопштените од кабинетот на поглаварот на ИВЗ Реис ул-Улема Сулејман Ефенди.
ИВЗ, исто така, бара од органите на редот обелоденување на сите случаи на насилство и вистинските сторители да бидат изведени пред правните органи.