„Добрососедските односи станаа дел од преговарачката рамка во дијалогот на високо ниво, па тоа ја нагласува потребата од подобрување на односите со соседите колку што може повеќе, зацврстување на истите на многу конструктивен и позитивен начин, што и дава друга карактеристика на дипломатската активност во иднина“, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Амбасадорот оценува дека извештајот за напредокот бил навистина позитивен и тој ги подвлече областите во кои беше постигнат значителен напредок и во таа насока, тоа е навистина многу позитивен извештај.
„ Во врска со прашањето за името, и во претходниот извештај беше посочено дека решавањето на прашањето за името останува суштинско. Има одредени карактеристики кои во годинешната стратегија за проширување се малку поразлични. Во моментот е невозможно да се каже какви резултати ќе се постигнат, бидејќи Велика Британија се уште многу внимателно ги проучува деталите од извештајот за напредокот, сигурен сум дека и другите земји членки го прават тоа. И како што кажа амбасадорот Филе на пресконференцијата, до земјите членки е да одлучат кој ќе биде нивниот заеднички одговор на стратегијата за проширување и извештајот за напредокот, вклучувајќи и дали тие ќе ја прифатат понудата на комесарот за подготвување на рамка за преговарање, што се разбира како што комесарот предложи може да вклучи посветеност на прашањето за името во раната фаза од процесот на пристапување“, вели Ивон.
На прашањето дали се реални очекувањата на македонските власти за добивање датум на декемврискиот самит, Ивон одговара дека не знае какви се всушност нивните очекувања, па затоа е тешко да суди дали нивните очекувања се реални или не. Но, смета, дека е добро да се чувствувате охрабрени од тоа што е напишано во извештајот, бидејќи одразува значителен напредок во многу области од евроинтеграциите, па затоа мисли дека извештајот треба да се сфати како охрабрување и токму затоа постои, но тешко му е да суди и процена дали очекувањата се добри или разбирливи.
Добрососедските односи станаа дел од преговарачката рамка во дијалогот на високо ниво, вели Ивон, па тоа ја нагласува потребата од подобрување на односите со соседите колку што може повеќе, зацврстување на истите на многу конструктивен и позитивен начин, што и дава друга карактеристика на дипломатската активност во иднина.
Не е сигурен дека препораката е дадена поради опасност од влошување на меѓуетничките односи.