А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: Уставниот суд не треба да го урива принципот на владеење на правото и да го штити криминалот

by А1он29/11/2019 - 13:18743
Share0

Евентуалната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, може да значи рушење на принципот на владеење на правото и на правна држава, вели за МИА поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Добивај вести на вибер

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка по поднесената иницијатива за оценување на членот 11-а кој овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа практично би значело дека би се активирале масовните помилувања што ги даде поранешниот претсдеател Ѓорге Иванов за осомничени во постапките на СЈО, а потоа под притисок на јавноста ги повлече.

– Уставниот суд треба да сфати дека правната држава се гради преку принципот на владеење на правото и дека не треба да потпаѓа под влијание на какви било политички притисоци, да навлегува во линија да го руши принципот на владеење на правото односно да ја руши самата правна држава. Сите знаеме на што е последица сегашното реагирање на Уставниот суд. Иницијатива секој може да поднесе, меѓутоа за да се стави и да се даде легитимитет на таа иницијатива и уште повеќе да се поведе постапка, мислам дека тука се поаѓа од аспект да се заштити криминалот, да се заштитат криминалците, и дека е во функција да нема одговорност за криминалот, истакнува Ивановски.

Според него, прашањата што се третираат со оспорената одредба од законот која е во основа на членот 11-а биле јасни уште кога поранешниот претседател Иванов донесе одлука без никаков законски основ, зашто се повикал на една одредба од законот која веќе беше укината од самото Собрание.

– Бидејќи претседателот донесе одлука за аболиција која немаше законски основ, и по реакцијата на македонската јавност тој беше принуден таа одлука да ја повлече. Имаше соодветни приговори за тоа дека наводно претседателот нема овластување за тоа. И сега како кец на десетка, се злоупотреби правото и правните одредби, за тоа да се овозможи. Нормално јавноста е вознемирена, вознемирено е и правото, вели Ивановски.

Уставниот суд, нагласува неговиот поранешен претседател, треба да изнајде сили и да сфати дека таквиот однос или таквото гледање на Уставот и на неговата примена, може да значи само уривање на темелите на правната држава и фактички враќање на криминалот.

Иако во образложението уставните судии се повикуваат на принципот на владеење на правото, Ивановски предупредува дека треба да се внимава, и ако некој го сфаќа буквално и сака некакво покритие за да го руши како принцип, тогаш тој скаран со правото.

Во меѓувреме, денеска, министерката за правда Рената Дескоска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, осносно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов.

abolicijaustaven

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески30/10/2023 - 10:0830/10/2023 - 10:09

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

Пендаровски се залагал да се исклучи аболицијата во новиот предлог закон за помилување

A1on04/10/2023 - 16:08

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска10/05/2023 - 17:32

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска10/05/2023 - 16:37

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска20/04/2023 - 15:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен