Ивановска: Неопходен е законот за потекло на имотот

Од:

Неопходен е законот за потекло на имот, кој ќе побара информации секој граѓанин да докаже од каде му е имотот, врз основа на што го стекнал, дали е наследство, дали го купил, некој му го подарил или како било. Советот на Европа не поддржува, ни обезбеди консултант со кој ќе го започнеме процесот за подготвка на овој закон, тоа е број еден потребен закон во државава, рече на денешната прес-конференција претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Во однос на автомобилот на поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, Ивановска рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку тој прикажал нереален анкетен лист.

– Доколку утврдиме разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните примања што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш се вклучуваат и други институции, како Финансова полиција. Тие имаат посебни методи за истражување и тоа ќе го докажуваат, рече Ивановска.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев