Иванова ја посети болницата „Болни деца“ во Канада

Од:

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова во Торонто ја посети најголемата здравствена установа за деца во Канада „Болни деца“, што е основана во 1875 година и е поврзана со Универзитетот во Торонто.

За време на посетата, како што информира Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Иванова се сретнала со Џеф Мејнленд, потпретседател на болницата. На средбата се размениле мислења и се разгледале можности за соработка на оваа престижна светска болница со Детската клиника во Скопје, во рамки на активностите на Иванова.

Иванова го посетила и Џејмс, дете кое е едно од стотината деца кои страдаат од се уште недијагностицирана болест, а се лекува со музичка терапија.

Болницата наречена „Болни деца“ е една од најнапредните во областа на истражувањето и со својата клиничка експертиза досега помогнала, не само на национално, туку и на глобално ниво. Во болницата работат 8.400 лица и 1.500 волонтери, а се лекуваат повеќе од 100.000 пациенти годишно.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on