Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод Светскиот ден на водите, ќе присуствува на нуркачката акција за чистење на Дојранското Eзеро.
Шефот на државата ќе биде придружуван од заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.
Акцијата ја организира спелео-нуркачкиот клуб „Врело”, а во неа ќе учествуваат и група нуркачи од Република Грција.
Иницијативата за одбележување на Светскиот ден на водите е покрената во 1992 година од страна на ОН. За да биде истакната важноста за грижа за водата, периодот 2005-2015 година, ОН го прогласија за Деценија на водите под мотото „Вода за живот“.
Минатата година Светскиот ден на водите во Македонија беше одбележан со четиримесечна акција за чистење на езерото во кањонот Матка, која беше поддржана од претседателот Иванов и од амбасадата на Кралството Норвешка.