Иванов упати телеграма со сочувство до германскиот претседател за смртта на Хелмут Кол

Од:

Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

– Хелмут Кол беше импозантна фигура во германската, европската и светската историја. Како голем државник и брилијантен политичар, канцеларот Кол ја препозна историската одговорност и покажа вистинско лидерство и непоколебливи напори и заложби во обединувањето на Германија. Политичкото наследство на творецот на модерна Германија и промоторот на единствена Европа ќе остане длабоко врежано во меморијата на германската и европската историја и ќе продолжи да биде инспирација за новите генерации на политичари во Европа и светот, се вели во телеграмата.

Република Македонија и нејзините граѓани, пишува Иванов во телеграмата, високо го ценеа и почитуваа канцеларот Кол и неизмерно остануваме благодарни за неговата улога во процесот на осамостојувањето и меѓународно етаблирање на нашата држава, на развојот на односите и меѓусебното почитување меѓу нашите пријателски држави и народи.

Би можело да ве интересира

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Германската влада ги повика своите граѓани: „Итно напуштете го Иран“

Маж (25) во Германија повлече девојка (18) под воз што доаѓаше од спротивната насока, двајцата се мртви