Иванов упати честитка до Папуљас по повод Националниот празник на Грција

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до својот грчки колега Каролос Папуљас по повод Националниот празник на Република Грција.

– Дозволете, во оваа убава прилика, да ја нагласам цврстата определба на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи и соработката со вашата земја, што е во интерес на граѓаните на нашите две  земји. Сметам дека можеме да бидеме задоволни што нашите две општества и економии успешно соработуваат. Она што ние, како претседатели, и нашите влади, имаме обврска и одговорност е да ја охрабруваме и да создаваме уште поповолни услови за севкупна соработка, за што постојат одлични потенцијали. Ние сме целосно подготвени, вели во честитката претседателот Иванов.

Воедно, додава македонскиот претседател, би сакал да го истакнам своето длабоко убедување, дека со заеднички напори ќе дадеме значаен придонес во остварувањето на заедничката визија за мир, стабилност, просперитет и благосостојба во регионот како дел од големото европско и евроатлантско семејство.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони