Иванов: Унапредена е билатералната и регионалната соработка

Од:

Унапредена билатерална и регионална соработка и европска иднина за нашите граѓани е целта на 4. Регионален претседателски самит во Будва на тема „Соработка кон напредок – предизвици и одговори“, оцени денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Според Иванов, како што јави известувачот на МИА,  потребно е споделување, соработка и заедништво за сите прашања од заеднички интерес. Од европската и евроатланската интеграција, преку јакнење на демократските процеси, владеење на правото и спроведување на европските реформи, преку економската соработка, енергетско и инфраструктурно поврзување, прекугранична соработка, борба против организираниот криминал и корупција, заштита на животната средина и соработка во областа на образование, култура и туризам.

– Најмалиот заеднички содржател на нашата регионална соработка треба да бидат добрососедските односи. Не смееме да изгубиме од вид дека добрососедските односи се двонасочна улица, а овој вид регионална соработка е крстосницата на која се вкрстуваат повеќе двонасочни улици. Тоа зборува за големите можности и потенцијали за соработка кои треба да се продлабочат, посочи Иванов во обраќањето на 4. Регионален претседателски самит во Будва.

Добрососедските односи, заедно со регионалната соработка, потенцира тој, се незаменливи алатки за промена на перцепцијата во нашиот регион и кон нашиот регион и  услов за натамошни евроинтеграции.

Шефот на државата смета дека е време да се забрза процесот на проширување и земјите од нашиот регион да бидат примени во, како што рече, нашиот вистински дом – Европа.

– Ги исчекуваме заклучоците од Европскиот совет што заседава наредната недела. Верувам дека ова е шанса за европското лидерство да покаже доследност кон основната идеја на Европа како мировен проект, потенцира Иванов.

Тој укажа на потребата од поврзување на Јадранско-јонската магистрала со коридорите 8 и 10, зголемување на трговската размена и заеднички настап на други пазари, соработка во користењето на претпристапните и пристапните фондови на Унијата преку заеднички проекти, соработка во областа заштита на животната средина…

Соработувајќи по овие линии, Иванов смета дека ќе се изгради регион во кој ќе се почитува културната, етничката, религиската и јазичната различност, а решавањето на сите отворени прашања ќе се одвива преку дијалог.

Првата Регионална лидерска средба се одржа во Валона во 2009 година, а втората во Призрен, во 2010 година. Во 2011 година домаќин беше претседателот Иванов, а средбата се одржа во Охрид.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on