Иванов: Турција две децении е принципиелен партнер на Македонија

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов , по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Турција испрати писмо до турскиот претседател Абдула Ѓул.

„Односите меѓу двета земји ги карактеризира исклучително високо политичко ниво и развиена соработка во голем број области, изградена правна рамка на билатерални документи, дух на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, како и споделени економски интереси чие зацврстување е заеднички императив.

– Она што денес посебно сакам да го нагласам, тоа е високата почит и благодарност за силната и принципиелна поддршка која безрезервно ја добиваме од пријателска Турција во реализација на нашите стратешки цели, членство во НАТО, ЕУ и изградбата на Република Македонија во една модерна демократија во која соживотот, дијалогот и почитувањето на различностите се реалност“, стои во писмото на претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on