Иванов се сретна со министрите Сарачини и Кралев

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со министерите за образование и наука и за економија, Панче Кралев и Ваљон Сарачини.

На средбата, Иванов бил информиран за подготовката на проектите од областа на иновациите, претприемништвото, обновливите извори на енергија и за подготовките на проектот „Технолошки паркови“, што се надлежност на двете министерства, а што се поддржани од македонскиот претседател.

Соговорниците, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, ја потенцирале потребата од усогласување на правната рамка во насока на обезбедување на полесен пристап до фондовите на Европската унија, наменети за поддршка на иноваторството. Воедно, се разменети мислења и информации за можностите за унапредување на условите за стекнување на меѓународни студентски стипендии.

Претседателот Иванов ги поздравил иницијативите за поттикнување на образовниот и професионален потенцијал и истакнал дека едуцираниот кадар кој е подготвен да спроведува применливи научни истражувања е неопходен за обезбедување на раст на економијата и целокупен напредок на општеството.

Во таа насока, претседателот Иванов ја посочил и востановената традиција на доделување на признанието „Најдобар млад научник“, преку која континуирано се поттикнуваат младите научници да дадат свој научен придонес во развојните текови на Македонија, како и проектот „Претприемништво”, чија цел е поттикнување на претприемачкиот дух кај младите.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on