Иванов се сретна со амбасадорите од Западен Балкан, на Словенија и на ЕУ

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска приреди работен ручек за амбасадорите на земјите од Западен Балкан, за словенечкиот амбасадор и за шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, во согласност со традицијата воспоставена минатата година.

На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, присуствуваа евроамбасадаорот Аиво Орав, словенечкиот амбасадор Бранко Раковец, амбасадорот на Хрватска Златко Крамариќ, амбасадорот на Црна Гора Душан Мрдовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина Здравко Беговиќ, амбасадорот на Албанија Арбен Чејку, амбасадорот на Косово Илбер Хиса и вршителот на должност во амбасадата на Србија Душанка Дивјак -Томиќ.

Евроатлантските интеграции како стратешка определба на земјите од регионот, тековните реформски процеси и перспективите на овој план биле во фокусот на разговорите.

Претседателот Иванов и амбасадорите се согласиле дека евроинтеграцијата на сите земји од Западен Балкан има посебно значење.

– Заемен заклучок беше дека интеграцијата треба да се гледа пред сè низ призма на обединување на општествата низ политички, етнички и социјален консензус, како алатка за исполнување на стандардите и критериумите што ќе доведе до подобрување на целокупните општествени перформанси, и како алатка која ги упатува земјите на тесна соработка и заемна соработка, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Шефот на државата го реафирмирал ставот дека Република Македонија и натаму посветено работи на исполнување на европската агенда и оти одредувањето на датум за почеток на преговори со Европската унијата има суштинско значење за Република Македонија, но и за процесот на проширувањето како најуспешна политика на ЕУ. Продолжувањето на интеграцијата позитивно ќе влијае и на состојбите во регионот, бил заклучокот на учесниците.

На средбата се разменети мислења за актуелните состојби во Република Македонија и во регионот, за предизвиците со кои се соочуваат одделните земји, при што е изразена согласност дека сите отворени прашања треба да се решаваат со дијалог, меѓусебна почит и разбирање, и во духот на добрососедството и европските стандарди.

Иванов ги потврдил заложбите на Република Македонија за зацврстување, продлабочување и унапредување на добрососедството и регионалната соработка, како стратешка цел на земјата. Изразил очекување за конструктивност и успешност на претстојните регионални средби чиј домаќин е Република Македонија, како и надеж дека македонските претседавања со Процесот на соработка во Југоисточна Европа и Дијалогот на цивилизациите активно ќе придонесат во унапредување на соработката во регионот.

Во однос на билатералните односи со земјите од Западен Балкан, на средбата, како што се наведува во соопштението, констатирано е дека се на одлично ниво, со редовни средби и размени на посети. Како области со неискористени потенцијали за јакнење на соработката, соговорниците ги посочиле економијата, трговската размена и инвестициите. На средбата е посочено и значењето од што поскоро завршување на инфраструктурните проекти од интерес за целиот регион, Јадранско-јонската магистрала и коридорите 8 и 10.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on