Иванов се сретна со бугарскиот амбасадор Петков: Македонија очекува интензивирање на интегративните процеси

Од:

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, г. Иван Петков, кој ги претстави приоритетите и програмата на бугарското Претседателство со Советот на Европската унија во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година.

На средбата претседателот Иванов посака успешно спроведување на програмата на бугарското претседателство и успех во реализацијата на приоритетите. Македонскиот претседател изрази задоволство што меѓу главните приоритети на бугарското претседателство е европската перспектива на регионот.

Зголемениот интерес на Европската унија за регионот, според претседателот Иванов, укажува на тоа дека постои позитивна политичка клима за проширувањето на ЕУ, што е исклучително важно како за Македонија така и за целиот регион. Претседателството на Република Бугарија е одлична шанса за искористување на оваа позитивна политичка клима, рече претседателот Иванов на средбата.

Во тој контекст, македонскиот претседател изрази очекување дека Република Бугарија ќе даде силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската унија.

„Македонија очекува натамошно динамизирање на интегративните процеси. Перспективата за членство во Европската унија е наша единствена гаранција за стабилност, сигурност и просперитет. Одложувањето на почетокот на преговорите се покажа како непродуктивен пристап – делува демотивирачки, создава фрустрации и тензии во нашето општество”, рече претседателот Иванов на средбата.

Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и да го одржат позитивниот напредок во билатералната соработка што е остварен во изминатиот период.

Република Македонија како и досега така и во иднина ќе настојува да гради и развива здрави, добрососедски односи со Република Бугарија врз основа на меѓусебно почитување, искреност, взаемна доверба и рамноправност, рече претседателот Иванов на средбата со бугарскиот амбасадор, г. Иван Петков.

Би можело да ве интересира

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски