Иванов се навреди од FYROM, а бара НАТО под референца да ја прими Македонија?!

Од:

Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, решил да го откаже неговото гостување во светскиот медиумски сервис Euronews затоа што хаштагот со кој беше најавено интервјуто ја употребил кратенката од привремената референца FYROM. Како што информираа денеска од кабинетот, „кратенката е директна навреда за граѓаните на Македонија“.

„Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката FYROM во ословувањето на нашата земја, Република Македонија. Длабоко жалиме што, и покрај покажаната добра волја за соработка од наша страна, не беше прифатено барањето за отстранување на кратенката FYROM при промоцијата на интервјуто на социјалните мрежи, и не беше уважено барањето да се придружувате до уставното име на нашата земја. Сметаме дека употребата на кратенката FYROM е директна навреда за граѓаните на Република Македонија. Таа кратенка, како што претходно укажавме, никаде не се употребува“, стои во писмото кое кабинетот на претседателот го испратил до Euronews.

Сепак, пред само десет дена претседателот го повтори својот веќе кажан став Македонија да се прими во НАТО со привремената референца, а сите медиуми го пренесоа тоа со иницијалите БЈРМ. На „Брдо-бриони“ процесот што се одржа во Будва на почетокот од месецов Иванов предложи прашањето за името дополнително да се решава, односно спорот со името да се одложи.

– Македонија да ги почне преговорите, а тоа да се остави за крај за да може да се најде начин тоа прашање да се затвори – предложи тој.

Иванов не го предлага ова решение по прв пат, туку многу пати до сега, и секогаш медиумите го пренесувале тоа со помош на кратенката БЈРМ или FYROM.

Референцата речиси секогаш се користи во меѓународните контакти на претседателот, што не е исклучок ни во средбата на Иванов со генералниот секретар на НАТО од 2012 година.

gorgeNatoFYRM

Одлуката на кабинетот на претседателот, од друга страна, следува по бројнте негативни реакции што на социјалната мрежа Twitter ги предизвика најавата за негово гостување во Euronews. Речиси и да немаше сериозно прашање што граѓаните би сакале да му го постават на претседателот, туку преовладуваше сарказам и исмејување. Твитерџии го напаѓаа Иванов за неговата пасивност и молк во време на сериозна политичка криза во земјата. „А1он“ вчера побара одговор од кабинетот на овие твитови за кои посведочи и меѓународната јавност, но кабинетот ги изигнорира нашите прашања.

askFYROM

 

Euronews инаку направи серија интервјуа со челните функционери од соседните земји, но само македонскиот претседател го откажа гостувањето. Пред неколку дена гостин во сервисот за вести беше грчкиот премиер, Алексис Ципрас, како и српскиот премиер, Александар Вучиќ, а предвидено е интервју и со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.twitzahorhetwitzahorhe1

 

М.В.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска