Иванов: Се настојува да се најде решение за косовското ембарго

Од:

Претседателот Ѓорѓе Иванов по ембаргото од Косово за увоз на македонски производи бара почитување на ЦЕФТА договорот и се надева дека косовската држава ќе најде институционално решение за проблемот.

– Лично бев изненаден од тоа што го презема  косовската страна затоа што постои договор за ЦЕФТА и тој договор треба и Косово да го почитува. Меѓутоа се надевам дека институциите во  Косово ќе најдат институционално решение за ова прашање. Не доликува ова да се случува кога имаме во подем многу состојби меѓу  нашите две држави и кога очекуваме подобрување на многу работи, изјави денеска Иванов, одговарајќи на новинарски прашања по пуштање во употреба на парк во општина Аеродром.

Според Иванов, неговите советници се во контакт со кабинетот на претседателката на Косово и се настојува да се најде решение.

– Се надеваме дека после рокот поставен од нас, по завршување на мерката преземена од Владата  ќе има нормализирање, рече Иванов.

Најави дека ако до понеделник не се најде решение, за тоа ќе разговара на средбата што треба да ја има в понеделник во Драч со претседателите на Албанија, Црна Гора и на Косово. Сепак, тој се надева дека дотогаш ќе се најде решение.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он