Иванов-Рама: Европска идеја за обединет Балкан

Од:

Европската унија е таа што може најмногу да му помогне на нашиот регион да добие нов амбиент. Затоа патот кон ЕУ е нешто што ја менува нашата реалност, ова го заклучија на денешната средба во Тирана македонскиот претседател Ѓорге Иванов и албанскиот премиер Еди Рама.

– Знаеме какво минато сме имале сите ние што живееме на Балканот, но првпат се случува нешто што не обединува во иднина. Европската идеја е таа што од иднината, нас не обединува да работиме во сегашноста и да ги исполниме европските стандарди, принципи и критериуми. Така ќе се создава потесен простор за оние што не им мислат добро на луѓето на Балканот, се разбира доколку ние сме доследни на европската агенда, истакна Иванов.

Иванов и Рама на средбата разговарале за исполнувањето на обврските на двете земји кон своите малцинства.

– Разговаравме за придонесот на Албанците што живеат во Македонија, но и за Македонците што живеат во Албанија и притоа констатиравме дека живееме во такво време во кое не можете комуникацијата на луѓето и нивниот интерес да ги блокирате, рече македонскиот претседател.

Во контекст на тоа додаде дека на генерацијата што доаѓа треба да и се понуди нова инфраструктура, нови патишта, коридори, оптички кабли, далеководи, гасоводи….- Тоа е она што и го должиме на генерацијата која доаѓа по нас. Ќе не паметат по она што денес ќе го направиме за нив, подвлече Иванов.

Албанскиот премиер истакна дека од исклучително значење е зајакнувањето на односите и соработката меѓу двете влади. – Се отвора едно ново време на можности после договорот меѓу Косово и Србија. Со тоа се отвораат можности за сите земји во регионот во насока на взаемна натамошна соработка, рече Рама.

Тој додаде дека разговарале околу почитувањето на механизмите кои се договорени и со меѓународниот партнер околу добриот соживот меѓу Македонците и Албанците во Македонија.

– На средбата и претседателот на Република Македонија ја изрази својата загриженост и своето барање да се покаже поголемо внимание за македонското малцинство во Албанија. Јас оваа порака ја примив не само како обврска на Владата да се грижи за сите малцинства во Албанија, но и како израз на фактот дека неможе да бараме од некого нешто што самите не можеме да го исполниме и дадеме, нагласи албанскиот премиер.

Тој подвлече дека заеднички ќе се придонесе соработката да се унапреди што е можно побрзо и подобро. – Но истовремено тоа ќе биде направено строго спроведувајќи ги механизмите кои се во насока на обезбедување соживот меѓу Македонците и Албанците, додаде Рама.

Претседателот Иванов синоќа во Амбасадата на Република Македонија во албанскиот главен град имаше средба со претставници на Македонското национално малцинство.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on