Иванов прими акредитиви од новите амбасадори на Ангола и на Јордан

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска прими акредитивни писма на новоименуваните амбасадори на Република Ангола и на Хашемитското Кралство Јордан, за Република Македонија,  Дијакенга Серао, и Амјад Одех Адаилех.

Македонскиот претседател им честита за изборот и им посака успех во извршувањето на должноста. На средбата со амбасадорот на Ангола, според соопштението Кабинетот на Претседателот, е констатирано дека билатералните односи се недоволно развиени и е изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог, како и интерес за унапредување на соработката во повеќе области, пред сè на економски план.

– Ценам дека постојат и бројни области во кои можеме да ја зацврстиме соработката, за што е потребно почеста комуникација, испитување и запознавање со потенцијалите на двете земји, посветеност и искористување на истите, порачал во поздравниот говор Иванов.

Амбасадорот на Ангола изразил надеж за отворен и плоден дијалог и се заложил за зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата со амбасадорот на Јордан,  е укажано на потребата од почести контакти на државно ниво и од продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена. Воедно, беше афирмиран и интересот за унапредување на соработката во науката, културата и образованието.

– За тоа е потребно да го интензивираме политичкиот дијалог и контактите на сите нивоа, да работиме на заемно претставување на потенцијалите за соработка и на унапредување на правната рамка што ќе создаде основа за посакуваната соработка меѓу двете држави, истакнал македонскиот претседател.

Посочувајќи дека Република Македонија е успешен пример за многу земји во развој, амбасадорот Адаилех нагласил дека ќе вложи максимални напори за унапредување на билатералната соработка меѓу двете држави, особено во сферата на трговската размена и инвестициите, туризмот и културата.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on