Очекуваме позитивен извештај за напредокот на Македонија наесен, а во декември да биде одреден датум за старт на Пристапните преговори.
Ова е ставот на претседателот Ѓорѓе Иванов, пред неговото заминување во Брисел и средбите во Европската Унија и НАТО.
„Денеска одам во Брисел. Имаме средба со Генералниот секретар на НАТО Расмусен, со претседателот на Советот Ромпуј, со Филе, со претседателот на Европскиот Парламент. Тоа е вообичаена посета пред донесувањето на извештајот за кој сите очекуваме да биде позитивен, затоа што реформите даваат резултати и тоа Европска Комисија го оценува и сето она што е направено. Мислам дека и овој ќе биде позитивен и конечно во декември ќе добиеме она што веќе долго време го очекуваме – почеток на преговорите. Ние со дијалогот на високо ниво влегуваме во отворањето на поглавјата, меѓутоа очекуваме тоа да си го добие она што секоја земја која преговарач го има – датум за почеток на преговорите”, рече Иванов.