Иванов: Потребен ни е уште еден мандат, да направиме уште поголема разлика

Од:

Сите вие знаете дека ништо не се случува преку ноќ. Но, вие граѓаните ја чуствувате разликата. Затоа ни е потребен уште еден мандат, да направиме уште поголема разлика. Потребна ни е вашата доверба, да ги исполниме сите ваши очекувања. Ова го истакна кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов попладнево на митингот во Виница.

Вашите гласови, како што рече, се исполнување на заветот на нашите предци, кои се бореа за нашето право на глас, правото слободно да одлучуваме за нашата иднина и за иднината на нашите деца.

– Со вашиот глас, вие ни давате доверба, но и одговорност да се бориме за вашите потреби. Да создаваме услови за подобар живот насекаде низ Македонија, рече кандидатот на претседател на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Изразувајќи им благодарност за огромната поддршка што му ја дале во првиот круг на изборите, Иванов рече дека нивните гласови станале дел од 123 илјади гласови разлика.

– Вашите гласови покажаа дека со негативна кампања во Македонија веќе не се освојува довербата на граѓаните. Дека граѓаните сакаат дела, дека бараат исполнување на преземените обврски и дека го трасираат патот за иднината на Македонија, нагласи Иванов.

На митингот Иванов истакна дека граѓаните поддржувајќи ја неговата програма и програмата која ја понуди ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека сакаат европска и евроатлантска Македонија и држава која е отворена кон сите свои соседи и кон сите земји во светот.

– Покажавте дека сакате Македонија која треба да биде економски силна и развиена држава. Држава во која се градат фабрики, во која се градат автопатишта. Држава во која се отвораат нови работни места. Иако како Претседател на државата немам директни ингеренции во доменот на креирањето на економските политики, во моите секојдневни обврски економијата ја ставам на исто ниво, како безбедноста и надворешната политика на Република Македонија, истакна Иванов.

Говорејќи за економските планови, Иванов рече дека ќе ги афирмира и промовира економските политики на нашата држава насекаде низ светот. – Бидејќи кога расте економијата, расте се во државата. Тогаш има пари и за плати, и за пензии, и за субвенции, и за стипендии. Затоа мора да продолжиме, економијата во Македонија уште повеќе да расте, додаде тој.

Во својот говор посочи дека Македонија се гради како земја на солидарност, во која има грижа за сиромашните, за старите, за болните, лицата со посебни потреби.

– Покажавме дека и во Македонија пензионерите можат да имаат достоинствена старост со редовни и повисоки пензии. Покажавте дека ја поддржувате Македонија во кои родителите ги носат своите деца на училиште, убедени дека нивните деца ќе имаат квалитетно образование, нагласи Иванов.

Тој на виничани им посака претстојните велигденски празници да ги поминат во семејна хармонија, заедно со своите семејства.

Кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов денеска одржа митинг и во Пехчево.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје