Иванов покрај Груевски ги повика Заев, Ахмети и Тачи на советот за безбедност

Од:

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за денеска (10 мај 2015 година) свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, во проширен состав.

Советот за безбедност ќе заседава во состав:

1. Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија

2. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија,

3. Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија,

4. Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија,

5. Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи на Република Македонија,

6. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија,

7. Вели Креци, член на СБ,

8. Фљора Кадриу, член на СБ,

9. Насер Сејдини, член на СБ.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и претседателот на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети и претседателот на политичката партија ДПА, Мендух Тачи.

Почетокот на седницата на Советот за безбедност на Република Македонија е закажан во 17:00 часот. По завршувањето на седницата ќе следува обраќање на претседателот Иванов до граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска