Иванов: Покажавме дека и во политиката се почитуваат принципи

Од:

На 13. април, направивме голема разлика, разлика од 123 илјади гласа. Но најголемата разлика ја направивте вие во Гази Баба. Благодарам што со вашиот глас потврдивте дека водиме исправна политика за Република Македонија, истакна на митинг во скопска Гази Баба кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓорге Иванов.

– Покажавме дека и во политиката се почитуваат принципи, дека и во политиката може да се биде чесен, да се биде искрен и да се биде вреден. Тоа вие го наградувате, рече Иванов пред граѓаните на оваа скопска населба.

Искреноста, додаде тој, значи да се има јасен став за сите прашања, за интересите на граѓаните, чесноста значи работа, трудољубивост значи не да се седи во кабинет, туку да се биде со граѓаните и да се дознаат нивните потреби и проблеми.

– Со чесност придонесуваме кон стабилна Македонија. Со искреност градиме доверба меѓу државата и граѓаните. Излегуваме пред вас, исто онака како што излеговме пред пет години со конкретна програма. Неодамна поднесовме и отчет, да ви кажеме што сме сработиле. Знаеме дека граѓаните ја почитуваат искреноста и ја наградуваат искреноста, истакна Иванов.

Граѓаните, според него, покажаа дека политиката не се вреднува само со убави зборови и празни ветувања, туку со број на отворени работни места, со економски просперитет и успех на Македонија.

– За овие пет години покажавме дека институциите не само што треба, туку и мора да соработуваат. Кога соработуваат институциите во Македонија имаме израз на заедништво. За тоа сведочат и 5-те  извештаи што ги добивме и петте препораки за почеток на преговори со Европската унија, извештаите на сите светски финансиски институции, кои неколку години  ја рангираат Македонија како една од најповолните дестинации за отпочнување и за водење бизнис, говори и довербата што граѓаните ни ја даваат на изборите, бидејќи препознаваат разлика, нагласи Иванов.

Неговата програма за вториот мандат, како што рече, се раководи од барањата на граѓаните, со кои остваруваше средби во петгодишниот мандат.

Ги повика граѓаните в недела да гласаат за него и за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, бидејќи, како што подвлече, тоа е глас за самите нив и за нивните семејства.

– Очекувам на 27. април, да излезете уште помасовно и да гласате, да го дадете вашиот глас, да го дадете гласот за иднината на Република Македонија, рече Иванов, посочувајќи дека очекува двојна победа, и за претседател и на предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски