Иванов: Писмото од Плевнелиев е позитивен исчекор

Од:

Кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, потврди дека е примено писмо од претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, што утрово го објавија бугарските медиуми.

– Претседателот Иванов искажува задоволство од позитивниот одговор на неговите иницијативи од страна на бугарскиот колега, што е позитивен исчекор во настојувањата за градење на односи на добрососедство.

Воедно, претседателот Иванов изразува задоволство што иницијативите за заедничко чествување на одредени настани од историјата, како и преточувањето на декларацијата од 1999 година во Договор за добрососедство и пријателство ќе почнат да се реализираат во најскоро време“, велат од Кабинетот на македонскиот претседател.

Претходно, бугарскиот претседател Плевнелиев преку писмо ја прифати понудата од македонскиот претседател Иванов, декларацијата за соработка од 1999 година да биде преточена во нов Договор за добрососедство.

„Уверен сум, дека тој акт ќе даде дополнителен стимул за активизирање на соработката меѓу нашите две држави во сите области“, посочил во писмото бугарскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on