Иванов: Отворени сме за дијалог со Бугарија за сите прашања

Од:

Македонија е подготвена да разговара секогаш и за секое прашање кое соседна Бугарија го смета за отворено, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

– Ние како држава покажуваме позитивен однос кон сите наши соседи. Сакаме со сите за сите прашања да разговараме и да наоѓаме решенија. Така што нашата конструктивност и овојпат ќе ја покажеме. Очекуваме за секое прашање кое сметаат дека не придонесува за добрососедските односи да се разговара. Медиумите не се место преку кое ќе се пренесуваат пораки, ќе се даваат предлози. За сите прашања мора да се разговара. Ние ја искажавме таа подготвеност, рече Иванов запрашан во врска со противењето на Софија за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија на последниот самит на Советот на ЕУ.

Тој и лично изрази подготвеност за билатерална средба со неговиот бугарски колега.

– Јас сум подготвен во секој момент со бугарскиот претседател да разговараме за сите прашања што сметаат дека се отворени и дека ние не придонесуваме кон нивно разрешување, порача шефот на државата Ѓорге Иванов по посетата на МНР.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on