Претседателот Ѓорѓе Иванов вечер, по повод посетата на почесните конзули на Македонија во повеќе земји, ќе приреди прием во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Почесните конзули ќе престојуваат во земјава до 10 октомври, а допатуваа денеска и во придружба на градоначаникот Коце Трајановски имаа можност да го разгледаат Скопје.
Утре, како што соопшти МНР, ќе имаат работен состанок со министерот за надворешни работи Никола Попоски на кој, покрај анализа на досегашната работа, ќе бидат утврдени и приоритетите за идно делување.
Во функција на сеопфатно информирање за приоритетите на Владата, како и заложбите за привлекување странски инвестиции, промоција на извозот и презентирање на туристичките потенцијали на Република Македонија, почесните конзули во Охрид задутре ќе имаат работна средба со највисоките владини претставници од наведените сфери.
За време на посетата на Македонија, ќе остварат средби и со градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Битола Владимир Талески и на Охрид Никола Бакрачески. Во текот на разговорите ќе бидат презентирани економските, културните и туристички потенцијали на овие центри