Иванов од Софија: Бугарското претседателство го врати интересот на ЕУ за регионот

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Бугарија се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Говорејќи за односите меѓу двете земји, Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија отворил нови перпективи и создал нов амбиент во билатералните односи меѓу двете држави. Притоа, Иванов истакнал дека Бугарија со шестмесечното претседателство со Европската Унија успеала да го врати фокусот на Унијата кон регионот.

– Бугарија, со своето претседавање со Европската унија ни помогна нам и на целиот регион, бидејќи нашиот регион, на некој начин, беше на маргините на интересот на Европската унија. Сега сме повторно вратени на европската агенда, рекол Иванов.

Од Кабинетот на Иванов соопштија дека тој остварил и средба со нерезидентните амбасадори на странски земји акредитирани во Софија за Република Македонија.

На средбата ја истакнал потребата од взаемни засилени активности во насока на унапредување на севкупната соработка со Република Македонија, особено во однос на економската соработка.

Вчера, претседателот Иванов во Софија оствари средба со неговиот бугарски колега Румен Радев, како и со претседателот на Народното Собрание Цвета Карајанчева. За време на официјалната посета на Софија, е остварена средба и со поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија