Претседателите на Македонија и Србија, Ѓорѓе Иванов и Томислав Николиќ од Скопје порачаа дека сличните препреки на двете земји на европскиот пат упатуваат на што поблиска меѓусебна соработка и се заложија сите отворени прашања кои постојат меѓу државите во регионот да се решаваат со диjалог.
Николиќ и Иванов оценија дека односите на Македонија и Србија се на високо ниво, а отворените прашања кои постојат помеѓу двете земји не се нерешливи и не спречуваат да се види заедничката европска иднина.
„Бидејќи Србија и Македонија имаат сличен прболем да станат членки на ЕУ мислам дека сме упатени на што поблиска соработка. Ако заедно покажаме дека сме ги уредиле државите и сме ги исполниле критериумите брзо ќе оствариме успех, и полесно ќе ги убедиме останатите држави на поранешна Југославија дека единствено со соработка можеме сите да станеме членки на ЕУ“, рече Николиќ.
Тој додаде дека Македонија не е случајно избрана за неговата прва посета на регионот и истакна дека со тој гест Србија покажува дека и се добри пријатели и тие кои го признаа и тие кои не го признаа Косово.
Македонскиот претседател се согласи дека двете земји се среќаваат со слични пречки на европскиот пат и истакна дека пречките како и сите проблеми можат единствено да се решат со дијалог.