Иванов: Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го откажа Самитот на шефови на држави и влади на земјите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Форумот на Дијалогот меѓу цвилизациите што требаше да се одржат викендов во Охрид и Стуга.

Иванов попладнево на прес-конференција во вилата „Водно“ изјави дека државниот интерес и достоинството на Македонија го обврзале да ја донесе одлуката и оти Република Македонија постапи целосно во согласност со основачките документи и правила, и како одговорен претседавач со ПСЈИЕ.

– За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов.

Одлуката доаѓа по откажувањето на учеството и од страна на албанскиот претседател, Бујар Нишани како реакција на тоа што  покана не стигна до  претседателот на Косово, Атифете Јахјага. Целата ситуација кулминираше вчера по изјавата на потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ кој изјави дека тие не го условиле учеството на Самитот со неприсуство на Јахјага. Тој кажа дека тоа е одлука на македонскиот претседател Иванов.

Претходно по грчкиот претседател Каролос Папуљас, учеството го откажа и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов