Иванов најави обраќање по 2-минутината средба со Заев и Димитров

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов во текот на денот ќе се обрати пред граѓаните по денешната двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името, соопшти од кабинетот на шефот на државата.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржано во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-годишниот спор.

Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.

По потпишувањето на договорот од страна на двајцата премиери, тој треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска