Иванов на традиционално закројување на лоза во струмичкото село Хамзали

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на православниот празник Свети Трифун, денеска ќе присуствува на традиционалното закројување на винова лоза на лозовите насади на винаријата „Далвина“ во село Хамзали, Босилово.

По симболичното закројување на лозите, претседателот Иванов ќе ја посети винарската визба „Далвина“.

На покана на македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот Кабинет, на настанот ќе присуствуваат амбасадорите на САД Пол Волерс, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон, на Франција Лоранс Оер, на Унгарија Јозеф Бенце, на Полска Пжемислав Чиж и вршителот на должност во амбасадата на Словачка Роберт Кирнаг.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on