Иванов на средба со жителите на општина Карпош

Од:

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“  Ѓорге Иванов денеска во општина Карпош оствари средба со граѓаните на населбите Тафталиџе и Карпош 3, при што го посети и пазарот во Тафталиџе.

Со жителите на Карпош, Иванов размени мислење околу севкупните состојби во општината и ги претстави главните цели од неговата изборна програма.

gorgeKarpos2

Заблагодарувајќи се за поддршката на првиот изборен круг, Иванов ги повика граѓаните во недела масовно да го искористат своето демократско право на глас и да изберат тим кој мисли за иднината на секој граѓанин во Република Македонија.

gorgeKarpos3

Доколку повторно ја добие довербата на народот, тој посочи дека и натаму во рамки на своите надлежности максимално ќе се залага за унапредување на економскиот развој на државата, како и за унапредување на меѓународниот углед.

Иванов додаде дека за севкупниот напредок е неопходна квалитетна соработка меѓу институциите.

gorgeKarpos1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски