Иванов на средба кај Бан Ки-мун и со обраќање пред Генералното Собрание на ОН

Од:

Макдонскиот претседател Ѓорге Иванов утре, доцна навечер по македонско време, ќе се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите нации. Претходно, околу пладне по американско време, претседателот Иванов, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Се очекува Иванов во своето обраќање, да се осврне на можностите за деблокада на македонските евро-атлански интеграции. Иванов ова прашање го постави и пред Советот за безбедност на Обединетите нации, во своето обраќање во средата.

Согласно фокусот на климатските промени годинешното заседание на Генералното собрание, најавено е дека Иванов ќе посвети дел од своето обраќање и на ова прашање, како и на постигнувањето на милениумските развојни цели.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on