Иванов на Самитот на земјите од Вишеградската група

Од:

Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Прага ќе се обрати на пленарната сесија на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група (В4).

Централни теми на вонредниот самит на земјите од Вишеградската група се предизвиците од мигрантската и бегалската криза и начините за справување со нив.

На самитот, покрај претседателот Иванов, ќе учествуваат премиерите на земјите-членки на Вишеградската група, на Чешката Република, Бохуслав Соботка, на Полска, Беата Шидло, на Унгарија, Виктор Орбан, на Словачката Република Роберт Фицо, а предвидено е и учество на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Иванов ќе присуствува и на работната вечера на учесниците на самитот.

За време на посетата на Чешката Република, претседателот Иванов ќе оствари средби со чешкиот претседател,  Милош Земан и со чешкиот премиер, Бохуслав Соботка.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on