Иванов на проштална средба со италијанскиот амбасадор Кристијани

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Италија во Република Македонија, Фабио Кристијани.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Кристијани во развојот на билатералните односи и интензивирањето на соработката помеѓу двете земји и искажа очекување дека традиционално блиските и пријателски односи со Италијанската Република ќе продолжат и во иднина, со проширување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов изрази надеж дека Македонија и во наредниот период ќе може да смета на поддршката од Италијанската Република во однос на евроатланските интеграции, додавајќи дека земјата треба да добие можност и самата да придонесе кон позитивниот тренд на Балканот, со тоа што ќе и биде доделен датум за почеток на преговори со ЕУ.

На средбата, двајцата соговорници го реафирмираа интересот за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и соработката на мултилатерален план.
Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот Кристијани му посака успех во натамошната работа, и воедно упати поздрави до претседателот на Италија Џорџо Наполитано, со очекување за поскорешна средба.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on