Иванов на претседателска сесија во рамки на Евроазискиот форум во Истанбул

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја завршува тридневната работна посета на Турција со обраќање на претседателската сесија во рамки на 16. Евроазиски економски форум на тема „Униполарен свет или мултиполарен свет“.

На сесијата, јави известувачот на МИА од Истанбул, ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели на држави од речиси сите земји од регионот.

Во текот на вчерашниот ден македонскиот претседател се обрати на форумот на тема „Закани и можности во Евроазија“, со порака за обединување на евроазиските лидери во однос на актуелни теми кои се однесуваат на иднината на евроазискиот простор.

Шефот на македонската држава на маргините на самиот оствари средби со вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на турскиот Парламент, Џемил Чичек, како и со турски стопанственици од регионот Коџаели.

За време на престојот во Истанбул, претседателот Иванов одржа предавање на Правниот факултет на Истанбулскиот универзитет за „Процесот на зачленување во ЕУ од перспектива на демократијата на човековите права“.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on