Иванов на Конгресот „90 години Пан-Европа“, во Виена

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Виена, Република Австрија, каде ќе учествува на Конгресот „90 години Пан-Европа“, во организација на Меѓународната Паневропска унија.

Претседателот Иванов ќе има обраќање на официјалното отворање на Конгресот, а во рамки на посетата ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со претседателот на Република Австрија, Хајнц Фишер, со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, како и со претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Ален Тереноар.

Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и економски обединета Европа.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on