Иванов на конференција со Бајден и Мекејн

Од:

Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов, задутре, во рамки на годишниот Седона форум на кој е најавено присуство на потпретседателот на САД Џо Бајден, ќе учествува на панел дискусија за обединување на Европа.

Тема на годинешниот форум, што го организира Инстититутот Мекејн, политичката организација на влијателниот американски републикански сенатор од Аризона Џон Мекејн, ќе биде ефективното промовирање на слободата и демократијата.

– Седона форумот е годишен собир на високо ниво на национални и меѓународни лидери од јавниот и приватниот сектор во организација на Институтот Мекејн, фокусиран на прашања од националната безбедност и надворешно политичките теми, а за промовирање на економската слобода и просперитет и унапредувањето на човековите права во регионот, соопшти Институтот Мекејн, кој го најави учеството на Бајден.

На конференцијата ќе учествуваат и сенаторите Линдзи Греем, Џон Кил, Кели Ајот, пензионираниот сенатор Џо Либерман, министерот за одбрана на Канада Питер Мекеј, извршните директори на Џенерал Електрик Џеф Имелт и на Волмарт – Бил Сајмон, претседателот на Грузија Михаил Сакашвили, поранешниот премиер на Русија Михаил Касјанов, дисидентскиот водач од Белорусија Андреј Саников и многу други.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on