Иванов му го предаде на Орав Меморандумот за членство во ЕУ

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав и притоа му го предаде потпишаниот Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија.

Иванов и Орав, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, го поздравија потпишувањето на меморандумот, што подразбира исполнување на уште една од обврските од мартовскиот политички договор, и  изразија задоволство од потврдениот меѓупартиски консензус во однос на стратешките цели на Република Македонија, евроинтеграциските перспективи и европската ориентација на земјава.

– Нема прашање во државата за кое може да се постигне толку широк политички консензус и толкава поддршка, освен за европската идеја, што треба да претставува јасен сигнал за Европската унија, истакна Иванов.

На средбата се разменети мислења и информации во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Македонија ќе добие уште еден позитивен извештај.

– И покрај политичките предизвици со кои се соочивме, постигнуваме добри резултати во сите области кои беа посочени во пролетниот извештај, континуирано сме посветени на реформските процеси во клучните области, на промоцијата на добрососедските односи со сите наши соседи, на регионалната соработка и конструктивно учествуваме во напорите за надминување на прашањето за името, истакна Иванов во разговорот со Орав.

Македонскиот претседател изрази очекување дека Европскиот совет конечно ќе и го овозможи следниот чекор во интеграцијата на Република Македонија, и ќе и додели датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

– Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време  е на Република Македонија да и се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите, порача на средбата претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран