Иванов: Македонија останува посветена на реформите, ЕУ да покаже решителност на следниот совет

Од:

Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да и се овозможи паралелно движење.

Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите, истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав.

Шефот на државата Иванов го прими евроамбасадорот Орав по денешното презентирање на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК. Орав му го врачи документот на Иванов и притоа го информираше за клучните оценки содржани во него.

Изразувајќи задоволство од потврдената препорака за подготвеноста на Република Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, претседателот Иванов истакна дека Извештајот на ЕК и оваа година, дава реална слика на сработеното и на постигнувањата на земјата.

Посветеноста кон реформските процеси останува високо на агендата на Македонија, истакна претседателот Иванов на средбата и изрази надеж дека на следниот Европски совет, членките на ЕУ ќе покажат лидерство и решителност.

Амбасадорот Орав изрази надеж дека реформскиот процес во земјава ќе продолжи и дека Република Македонија што поскоро ќе ги отпочне преговорите за членство во Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија