Иванов: Македонија ќе беше во ЕУ ако важеа спортските правила

Од:

Ако важеа спортските правила во Европската унија досега Македонија ќе беше членка на Унијата, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на неформалната промоција во Скопје на Европското првенство во кошарка 2013 што во септември ќе се одржи во Словенија.

– Она што го прават спортистите се надеваме дека ќе го прават и пилитичарите. Ќе ги обединуваат луѓето, ќе им носат многу радост и просперитет. Замислете Европа да има свој тим и да учествува на Олимпијада колку медали би добила, рече Иванов.

Посочи дека знае какви домаќини се Словенците и оти воопшто не се сомнева во одличната организација  на Европското првенство во кошарка во септември.

– Се надевам дека Словенија ќе може да покаже како знаат спортистите  да се наптреваруваат и да победуваат. И ние нема да останеме должни и ќе знаеме да се покажеме во најдобро светло, потенцира Иванов.

Словенечкиот претседател Борут Пахор, кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, порача дека е сигурно оти еден ден Европа ќе има своја репрезентација.

– Се надевам дека тоа ќе се случи уште за време на нашата генерација. Сигурен сум дека тогаш во репрезентацијата ќе членуваат и спортистите од Македонија, рече Пахор.

Тој ги повика Македонците во септември да ја посетат Словенија и да уживаат на спортските спектакли на Европското првенство во кошарка.

– Повелете дојдете на тој спектакал. Спортот ги здружува луѓето и им овозможува да победат најдобрите. Знам дека Македонците имаат големи амбиции на ова првенство, но на пат ви стојат Слвенците и Грците. Можете да имате илузии иако ние ќе направиме се да победиме, истакна Пахор.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on